Предност за Брага и Галатасарај по првите дуели од квалификациите за ЛШ

Фудбалерите на португалска Брага и турски Галатасарај оставија предности по првите натпревари од четвртото претколо во квалификациите на Лигата на шампионите.

Брага пред своите навивачи со 2:1 го совлада грчкиот претставник Панатинаикос. Стрелци за домашните беа Руиз во 51. и Джало во 74., а надежите на гостите ги подгреа Макцини во петтата минута од судиското продолжение на мечот.

До предност пред реваншот стаса и Галтасарај кој како гостин го надигра дански Молде со 3:2. Домашните поведоа со голот на Елингесн во 8., а гостите направија пресврт со голивте на Оливеира во 25. и Икарди во 29. минута. На 2:2 израмни Хауген во 56., а победата на турскиот тим му ја донесе Мидтсјо во третата минута од судиското продолжение.

Во преостанатиот дуел во средата Макаби Хаифа и Јанг Бојск одиграа без голови.

Во вторникот Антверпен дома со 1:0 го совлада АЕК, Компенхаген со истиот резултат славеше на гости кај Раков, а во најинтересниот дуел Ренџерс и ПСВ Ајндховен одиграа без победник 2:2.