
Црногорската полиција спречи шверц на дрога преку Албанија и Црна Гора во земјите на Европската унија (ЕУ) и заплени половина тон сканк, соопшти денеска Управата на полицијата.
„Дрогата ја открија и запленија царинските службеници на Царинската управа на граничниот премин Божај“, се додава во соопштението.
Цариниците го пронашле сканкот во камион со албански регистарски таблички и бил „обезбеден“ со печат на странска држава, соопшти полицијата.
„При преглед на камионот, констатирано е дека меѓу дрвените палети има 185 пакувања со зелена растителна материја, за која постои сомневање дека е сканк. По извршениот преглед на камионот, стоката е предадена на Полициската управа за понатамошна обработка“, се наведува во соопштението.
Во акцијата се приведени неколку лица, од кои две се албански државјани на 60 и на 24-годишна возраст.