
Дефект (губење на вода) на дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода.
„Дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода во објектите кои се лоцирани на улиците Вера Јоциќ, Христо Татарчев, Народни Херои, Козјак, Пушкинова, Димо Хаџи Димов, 14 Декември, Локов, Никола Добровиќ, Георги Димитров и улицата 1511“, се вели во соопштението.
Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на лоцирање на дефектот, со цел истиот да биде изолиран и саниран.
Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.