ВИДЕО| Поранешен аналитичар на ЦИА: Украина не е „во ќорсокак“ – готово е

Мислењето на врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни за ситуацијата во „ќорсокак“ на фронтот не соодветствува со реалноста, бидејќи Русија има јасна предност, рече поранешниот аналитичар на ЦИА, Реј Мекговерн во интервју за YouTube канал Стивен Гарднер. Тој, исто така, навести дека борбата за моќ забележана во украинската влада може да заврши со смртта на Вoлoдимир Зеленски.

Дали сте свесни за тековната кавга меѓу украинскиот генерал Залужни и Вoлoдимир Зеленски? Можете ли да ни кажете што ја предизвика оваа внатрешна борба и кој мислите дека е во право?

РЕЈ Мекговерн, поранешен аналитичар на ЦИА: Па, контроверзноста настана откако Залужни даде интервју, ако не се лажам, за лондонскиот весник Економист. Тој рече: „Ситуацијата на фронтот дојде во ќорсокак. Навистина треба да сфатиме што да правиме сега“. И Зеленски реплицираше: „Нема ќорсокак! Не кажувајте го зборот „ќорсокак“! Ние ќе победиме! Ние ќе победиме!”

Зеленски е, така да се каже, тој што полудува. Тој не е во допир со реалноста. И во оваа смисла, минатонеделниот едиторијал на Тајм, кој ги цитираше неговите помошници, е многу интересен.

Односно, во украинската елита има многу силно движење за истиснување на Зеленски. Тој е целосно е изолиран. Проблемот е што тие сè уште не знаат точно со кого да го заменат. И ова е вистинска дилема, бидејќи таму има нацистички елемент – баталјонот Азов и сите овие многу, многу влијателни луѓе, од кои некои се вооружени.

Тука е Залужни, кој на прв поглед изгледа како очигледен избор. Но, има и други фактори, меѓу кои и – за волја на Бога! – обид за атентат врз Залужни. Еден од неговите главни помошници бил разнесен со граната. Значи, има цел сплетки и интриги таму. Да бев осигурителната компанија, ќе престанев да го осигурувам животот на Зеленски.

Јасно. Според вас, дали генералот Залужни е во право кога зборува за ќор-сокак ситуација и колку е ова опасно?

РЕЈ МКГОВЕРН: Ова е полошо од застој. Украина загуби. Тоа е голема тајна“. Мислам, можеби на Џо Бајден му било кажано да каже: „Русија изгуби“. Но, ова не е вистина. Русија не загуби. Украина и нејзините западни поддржувачи загубија.

Затоа, земете го ова предвид и имајте на ум дека ќорсокак обично значи некоја рамномерно избалансирана работа. И тука гледаме како Русија ја има целата потребна жива сила и оружје за да го заврши она што остана од украинската армија. И украинската армија е во очајна ситуација.

Зеленски ги испрати во секакви стапици на смртта, на пример во северниот правец пред само шест месеци. Армијата сега вели: „Знаеш што? Не сакаме повеќе да испраќаме млади мажи, а сега и жени во битка за руската артилерија да ги претвори во колачи“.

Така, Залужни и другите ги имаат сите причини да кажат: „Слушај, те молам, Зеленски, оди во некој од твоите имоти во Италија или на некое друго место, а останатото препушти ни го на нас“. Тој добро се смести. Има многу работи кои може да ги  направи.
Прашањето е дали може да се замолчи. Тој е целосно надвор од допир со реалноста. И затоа повеќе не би му продавал животно осигурување.

Погледнете го целото интервју: