
Светската атлетска федерација соопшти дека на победниците во сите атлетски дисциплини на Олимписките игри во Париз ќе им бидат доделени по 50.000 долари.
Наградниот фонд од 2,4 милиони долари е обезбеден од парите што на Федерацијата и ги уплати Меѓународниот олимписки комитет, се вели во соопштението.
Победниците во секоја од 48. атлетски дисциплини во Париз ќе добијат по 50.000 долари, а истата награда е планирана и за победниците од штафетните трки, кои таа сума ќе ја поделат меѓу себе.
-Воведувањето парични награди за освојувачите на златни олимписки медали е клучен момент за атлетиката, ја нагласува нашата посветеност за зајакнување на спортистите и ја препознава клучната улога што ја играат спортистите во успехот на Олимписките игри, истакна претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу.