
Ниту едно лице со попреченост не треба да биде оставено од страна на државата. Заслужуваат да живеат организирано со поддршка од локалната заедница и да ги остварат своите човекови права, потенцијали и можности, напиша на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
„Остваривме посета на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА во општина Ѓорче Петров!
Ниту едно лице со попреченост не треба да биде оставено од страна на државата. Заслужуваат да живеат организирано со поддршка од локалната заедница и да ги остварат своите човекови права, потенцијали и можности.
Како идна влада на ВМРО-ДПМНЕ силно ќе се залагаме за развој на социјални услуги бидејќи тоа е единствениот начин за вистинска социјална инклузија“.