Камерон: Киев може да го користи британското оружје за напади во Русија

Актуелниот британски министер за надворешни работи и поранешен премиер, Дејвид Камерон, изјави дека Украина самата треба да реши како ќе го употреби британското оружје и истакна дека Киев има право да гаѓа цели на територијата на Русија, пренесува во петокот BBC.

Во текот на посетата на Киев, Камерон речде дека Велика Британија ќе ѝ дава на Украина годишно околу 3,5 милиони евра за војната против Русија, колку долго и да биде потребно.

„Исто како што Русија напаѓа во внатрешноста на Украина, сосема можете да разберете зошто Украина чувствува потреба да ја осигури својатаодрана“, рече Камерон без да се осврне на потеклото на оружјето кое му се донира на Киев не само за одбрана, туку, како што вели сега и за напад врз територијата на Русија.

Шефот на британската дипломатија, кој се сретна со претседателот Володомир Зеленски во Киев, рече дека Русија го започнала нападот на Украиан и оти Украина има „апсолутно да ѝ возврати на Русија со иста мера“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во петокот порача дека изјавите на британскиот министер за надворешни работи претставуваат само признание дека колективниот Запад води војна поротив Русија употребувајќи ги „украинсите раце“.

„Зборовите на Камерон се уште еден доказ за хибридната војна којашто Западот ја води против нашата земја. Русија на тоа одговара и ќе прподолжи да одговора“, рече Захарова.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакна дека станува збор за „директна ексалација на тензиите околу украинскот судир кој наводно претставува закана за европската безбедност“.