
НБА лигата ги објави гласовите на 99 спортски новинари и коментатори кои ги избраа 15-те најдобри играчи во сезоната поделени во три тима, а интересно е што само еден Американец е во првата НБА петорка.
На сите гласачки ливчиња во првиот тим беше само Никола Јокиќ, и за најкорисен играч во лигата е избран српскиот член на минатогодишниот шампион Денвер Нагетс, а тука е и Канаѓанецот Шеј Гилџеус-Александер од Оклахома Сити Тандер.
Јокиќ по четврти пат, Гилџеус-Александер по вторпат, словенечката кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ петти пат по ред е избран во тимот на годината, шести по ред е избран Гркот Јанис Адетокумбо (Милвоки), а честа на САД го брани само Џејсон Тејтам, кој избори финале на Источната конференција со неговите Бостон Селтикс.
Големата ѕвезда на американската кошарка Леброн Џејмс е дури во третиот тим на НБА.
Првата петорка во НБА лигата:
Шеј Гилџеус-Александер (Оклахома Сити), Никола Јокиќ (Денвер Нагетс), Лука Дончиќ (Далас Маверикс), Јанис Адетокумбо (Милвоки Бакс), Џејсон Тејтам (Бостон Селтијс);
Втора петка:
Џејлен Брансон (Њујорк Никс), Ентони Едвардс (Минесота Тимберволвс), Кевин Дурант (Феникс Санс), Кави Леонард (Лос Анџелес Клиперс), Ентони Дејвис (Лос Анџелес Лејкерс);
Третата петорка:
Леброн Џејмс (Лос Анџелес Лејкерс), Стивен Кари (Голден Стејт), Домантас Сабонис (Сакраменто Кингс), Тајрис Халибертон (Филаделфија 76ерс), Девин Букер (Феникс Санс).