
Во Македонија во понеделникот ќе преовладува сончево и многу топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Вредноста на ултравиолетово зрачење (УВ) ќе биде 8.
Минималната температура утрово се движи во интервалот од 13 до 21, а максималната во текот на денот соодветно ќе бед од 30 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 37 степени.