
Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, утринава е во посета на Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана.
По официјалниот пречек пред Министерството за одбрана, во тек е состанокот на Сиљановска-Давкова со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, генералите во Армијата и раководните лица во Министерството за одбрана.