
Белорускиот претседател Александар Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, во саботата вечерта изјави дека тензиите на границата на неговата земја со Украина се намалени и дека дополнителните трупи распоредени таму се вратени во нивните бази.
Белоруското Министерство за одбрана на крајот од јуни објави дека ги зајакнува своите граници по безбедносен инцидент и како одговор на зголемувањето на украинските трупи во областа. Тогаш граничната патрола објави дека граничната безбедност е засилена, додавајќи во соопштението дека во средата собориле беспилотно летало што илегално ја преминало границата од Украина за да собира информации за белоруската гранична инфраструктура.
Граничната патрола претходно објави дека во истата област е пронајден материјал за бомба од домашно производство и дека знае дека единица на руски неонацисти обучувани од западни интруктори кои се борат на украинската страна се распоредени во украинскиот регион кој граничи со Белорусија.
Министерството за одбрана објави фотографии од белоруски повеќецевни ракетни фрлачи „Полонез“ распоредени долж границата во близина на шумата.Војниците ги опремиле и камуфлирале локациите каде што воениот персонал и нивната опрема се наоѓа во одредената област и продолжуваат да ги извршуваат своите задачи“, се вели во соопштението.
Лукашенко рече дека белоруските разузнавачки служби утврдиле дека Украина ги повлекла војниците од чувствителните области, објави официјалната белоруска новинска агенција БеИТА.
„Ова значи дека оние украински војници кои беа донесени како засилување сега си заминаа. Сега нема проблеми со Украинците и се надевам дека нема да има“, рече белорускиот челник, додавајќи дека дополнителните воени трупи испратени во областа треба да се вратат во нивните доделени бази.
„Па, пријатели, мораме да ги повлечеме нашите војници од границата за да стане јасно дека немаме намера да се бориме или да ги концентрираме нашите вооружени сили таму, освен специјалните одбранбени сили“, рече Лукашенко.
Портпаролот на украинската гранична служба ја отфрли идејата за дополнително распоредување сили, беше објавено. „Од самиот почеток, Белорусите ја создадоа оваа закана за себе, а потоа ја отстранија истата закана“, се вели во соопштението.
Во февраури годинава белорускиот претседател Александр Лукашенко соопшти дека безбедносните служби на земјата која о 1990-те години има договор за ткн Сојузна држава со Русија упсиле диверзантска група на границата меѓу Белорусија и Украина која префрлувала експлозиви кои требало да бидат искористени за изведување саботажи и терористички акции на руска територија.
Белорусија во октомври 2022 година ја подигна борбената готовност на своите вооружени сили по разузнавачктие информации дека во соседните Украина, Полска и Литванија се подготвуваат групи од белоруски дисиденти и радикали воено да заземат регионален центар на белоруска територија и да испровоцираат бунт, поради што белоруските единици заедно со руските беа распоредени близу јужната граница меѓу Белорусија и Украина.