
ИСИС соопшти дека цел на напаѓачот во Германија биле христијаните и дека бил „војник на Исламската држава“ кој го извршил нападот „за да се одмазди за муслиманите во Палестина и ширум светот“.
Претходно денеска германски „Велт“ објави полициски извештај, повикувајќи се на очевидци, кои рекоа дека напаѓачот за време на крвавиот пир извикувал „Алаху Акбар“ и дека често ја посетувал локалната џамија во Солинген.
Германската полиција денеска соопшти дека 15-годишен тинејџер е уапсен во врска со нападот на фестивалот во Солинген.