
Италијанскиот фудбалски гигант Јувентус од Торино во средата го потврди доаѓањето на холандскиот играч за врска 26-годишниот Тен Копмејнерс од Аталанта.
Вредноста на трансферот изнесува дури 60,7 милиони евра, а отштетата Јувентус ќе ја плаќа за четири години.
Копмејнерс беше еден од најзаслужните играчи за освојување на Лигата на Европа минатата сезона.