
Триесет и петгодишен затвореник во „Идризово“ почина вчера откако претходно се повредил од стакло кое го искршил во просторијата за посети и почнал обилно да крвари.
Д.Ф починал на пат кон комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, истакна МВР.