
Полициски службеници од ОВР – Кавадарци синоќа пронашле тело на починато машко лице во атар на кавадаречкото село Ваташа.
По преземени мерки и препознавање од семејството, утврдено било дека се работи за 80-годишниот А.В. од Ваташа. На 26 август, неговиот 57-годишен син В.В. пријавил дека тој се оддалечил од домот. Како што појаснуваат од СВР – Велес, по овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција.