
Ракометарите на Вардар 1961 го добија дербито против Алкалоид со 29-27 (15-13) и во рамките на 12. коло му го нанесе првиот пораз во Суперлигата сезонава.
По првиот дел Вардар имаше позитива во еден момент од три разлика (5-2), но Алкалоид успеваше да се врати, па со серија од 0-4 тие беа во водство. Двата тима до крајот на полувремето се менуваа во водство, за на крајот „црвено-црните“ да имаат предност од 15-13.
Во вториот дел Вардар константно беше во предност, а Алкалоид само успеваше да израмнува четири пати. И, кога не успеваа гостите да дојдат до предност, тоа го искористи Вардар па со брзи три гола веднаш се одлепуваше и доаѓаше до голема предност која на крајот се покажа недостижна, и покрај големата желба да се избегне поразот.
Еспиња имаше 12 интервенција, Хорика постигна седум голови. На другата страна Галевски 10 одбрани, а најефикасен кај Алкалоид Марко Митев со пет погодоци.
„Црвено-црните“ ја прекинаа серијата на Алкалоид која траеше 14 последователни победи.