
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, 16.12.2024 година, во 19 часот и 45 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 112 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML2.9.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.