
Маж кој дошол да гласа во вториот круг од претседателските избори во Хрватска починал на избирачко место во Риека, јавува Анадолу.
Од Државната изборна комисија соопштија дека гласачкото место 77 е затворено. Се очекува гласачкото место да биде затворено околу еден час додека се транспортира телото на починатиот. На местото на настанот пристигнала полиција и брза помош.
Кандидатите за нов петгодишен претседателски мандат кои имаа доволно гласови за вториот круг се актуелниот претседател Зоран Милановиќ, кандидатот на СДП и партнерите и Драган Приморац, кандидатот на ХДЗ и партнерите.