
Фенерџијата Саутемптон беше блиску до сензационална победа против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ во 21. коло од англиската Премиер лига, но на крајот „Црвените ѓаволи“ со голем пресврт дојдоа до триумфот.
Саутемптон поведе во финишот на првото полувреме со несмасниот автогол на Угарте во 43. минута, а тој резултат остана на семафорот до 82. минута.
Сепак, во финишто младиот напаѓач на Јунајтед, Амад Диало се „разбуди“ и со три гола за нешто повеќе од 10 минути (82, 90, 90+4) направи пресврт и сепак бодовите останаа во Манчестер.
Со оваа победа Јунајтед се искачи на 12-то место со 26 бодови, додека Саутемптон останува закован на дното со само шест бодови, осум помалку од 19-топласираниот Лестер Сити.
Ливерпул води со 47 бодови, Арсенал заостанува четири бода.
Во претхониот дуел во четвртокот Брајтон како гостин го совлада Ипсвич Таун со 2:0, а стрелци беа Митома во 59. и Ратер во 82. минута.
Врајтон се искачи на 9-та позиција со 31 бод, а Ипсвич остана во зоната на испаѓање 18-ти со 16 бодови, колку што има и 17-от Вулверхемтон а бод помалку од 16-от Евертон.