Хрватка приведена во обид насилно да влезе во зградата во која е кабинетот на претседателот на Србија

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави во понеделникот дека полициските службеници спречиле хрватска државјанка којашто насилно се обидувала да влез во зградата во којашто е кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Припадниците на српското Министерство за внатрешни работи од полициската станица Стари град, ја спречиле хрватската државјанка идентификувана како Д.М. родена 1973 година, којашто денеска околу 10 часот се обидела насилно да влезе во зградата на Претседателството во улицата „Андичев венац“, упатувајќи притоа навреди и закани на сметка на полициските службеници, Република Србија и нејзините функционери, ,според писмената изјава на министерот Дачиќ објавена на мрежната страница на министерството.

Државјанката на Хрватска, како што се наведува натаму во изјавата, е „доведена во службените простории на полициската станица Стари град и против неа, во соработка со надлежното обвинителство, ќе бидат поднесени соодветни пријави“.

Во српските медиуми подоцна е објавена фотографија од пасош на приведената жена од кој се гледа дека таа потекнува до Сплит, како и други податоци.

Хрватското министерство за надворешни и европски работи веднаш реагираше на медиумските извештај за апсењето на хрватската државјанка во Белград.

„Го сметаме за целосно неприфатливо јавното објавување на личните документи на хрватските државјани и нашата амбасада до Белград е во постојана комуникација со властите на Република Србија за да се запре оваа недозволива практика на своевидно ставање мета на челото на хрватските државјани“, стои во објавата на хрватската дипломатија во одговорот до тамошните медиуми.