
Во петокот по котлините во поголем дел од денот ќе биде магливо и постудено. Во останатите области ќе преовладува сончево време со умерена облачност и претежно тивко.
Утринските температури се движат меѓу минус 4 и 4, додека највисоките дневни ќе бидат во интервалот од 9 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје во поголем дел од денот ќе биде магливо и тивко, со температуа до 6 степени.