
Претставници на НАТО ја истражуваат штетата откриена во неделата на друг подморски кабел во Балтичкото Море, овојпат телекомуникациска врска меѓу земјите-членки на НАТО – Шведска и Латвија, а шведското обвинителство отвори истрага за саботажа.
Шведска започна истрага за саботажа откако беше оштетен комуникациски кабел во Балтичкото Море и заплени сомнителен брод, соопштија во неделата вечерта шведското обвинителство. Латвија претходно соопшти дека испратила воен брод во неделата, откако можеби дошло до оштетување на кабелот со оптички влакна „поради надворешни фактори“.
Морнарицата објави дека идентификувала „сомнителен брод“ „Michalis San“, кој се наоѓал во близина на местото на инцидентот заедно со уште два брода. Не се наведува во чија сопственост се бродовите и под чие знаме пловеле.
„Ги информиравме шведските власти и работиме заедно со нив на проценка на штетите и нејзините причини“, рече латвиската премиерка Евика Силина.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон изјави дека во текот на денот бил во контакт со неговиот латвиски колега.
„Шведска, Латвија и НАТО тесно соработуваат по ова прашање“, додаде тој.
Штетата настанала во шведските територијални води на длабочина од најмалку 50 метри, соопштија властите. Кабелот му припаѓа на Латвискиот државен радио и телевизиски центар (LVRTC), кој во соопштението наведе дека имало „прекин во услугите за пренос на податоци“.
Што ја предизвикало штетата сè уште е нејасно, но се верува дека е одговорен надворешен фактор, објавија латвиските власти на прес-конференција во Рига.
Агенцијата Reuters пишува дека неколку илјади комерцијални бродови поминуваат низ Балтичкото Море во секое време, а голем број од нив го поминале над оштетренио кабел во неделата, според податоците од услугата за следење на пловидбата на бродови MarinTraffic.
Еден од тие, товарен брод „Vezhen“, кој пловел под знаме на Малта, бил следен од шведскиот брод на крајбрежната стража во неделата вечерта, покажуваат податоците на MarineTraffic, и двете пловила се упатиле кон јужниот шведски брег. Веднаш не беше јасно дали „Vezhen“, кој минал над кабелот со оптички влакна во 0045 GMT во неделата, бил предмет на истрага.
Портпаролот на шведската крајбрежна стража одби да коментира за „Vezhen“ или за позицијата на бродовите на крајбрежната стража. „Ние сме во фаза кога не можеме да дадеме никакви информации. Не можеме да кажеме како точно сме вклучени“, рекол.
Бугарската бродска компанија „Navigation Maritime Bulgare“, во чија флотила е вброен „Vezhen“, не одговорила веднаш на барањето на Reuters по е-пошта надвор од работното време.
Откако беа прекинати неколку телекомуникациски и енергетски кабли, наводно експерти и политичари од западните земји ја обвинија Русија дека наводно организира хибридна војна против Западот додека двете страни се судрија околу Украина.
Истрагата што ја водеше Финска за претходен таков инцидент покажа дека немало вина кај рускиот танкер кој беше запленет на отворено море и одвлечен во финско пристаниште. Минатата година беше обвинет кинески брод кој наводно со сидрото оштетил подморска инфраструктура.
Претходно летото 2023 година во балтичките води близу Данска и Шведска беа кренати во воздух четирите цевководи од руско-терманските гасоводи Северен тек со кои беше прекината испораката на евтиниот руски гас во Германија и понатаму во Европа.