
Ништо од најавеното заедничко чествување на роденденот на Гоце Делчев кое требаше да се случи на 4 февруари во Софија во организација на Меѓународната фондација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“ од Бугарија.
Планиран бил заеднички свечен концерт со класична музика и поезија но учесниците од Македонија го откажаа учеството затоа што од организаторот добиле лажни информации дека во Софија ќе патуваат и македонски официјално претставници.
Во изјавата за МКД.мк Божиновска вели дека од организаторот добиле информација дека на концертот ќе учествуваат и официјални македонски претставници и дека со задоволство ја прифатиле поканата.
„Требаше да се одржи културен настан меѓу двете држави, на кој требаше да бидат присутни и официјални претставници од Македонија. Нешто слично како што беше и гостувањето на МОБ во Софија. Откако дознавме дека никој од официјалните претставници на Македонија нема да дојде, решивме да го откажеме нашето присуство. Ние остануваме со нашиот народ и за тоа ги известивме и организаторите“, вели Божиновска во изјавата за МКД.мк.
Целиот текст на МКД.мк