Украинските медиуми се соочуваат со финансиска криза по укинувањето на американската помош

Повеќе украински медиуми почнаа да апелираат за итни донации да останат во живот, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги суспендираше програмите за странска помош.

„За жал, речиси 90 отсто од украинските медиуми преживуваа со грантови“, изјави шефот на невладината организација фокусирана на медиумите за радио Хромадске.

Оксана Романјук, извршен директор на Институтот за масовни информации, ја опиша одлуката на Трамп донесена минатата недела како закана за демократијата во Украина, тврдејќи дека „олигарсите“ може да ја преземат контролата врз медиумскиот пејзаж „ослабен“ со прекинот на американското финансирање.

Дел од медиумите кои бараат донации се основани непосредно пред почетокот на протестите на Мајдан, и се финансирани  директно од американската амбасада во Киев и Фондацијата Отворено општество на Џорџ Сорос.

Ирина Верешчук, заменик началникот на кабинетот на украинскиот лидер Володимир Зеленски, го нарече прекинот на невоената помош на САД „неочекуван и непријатен“. Киев ќе одржи „консултации со нашите американски партнери“ за да го обнови протокот на пари додека во меѓувреме ќе спроведе мерки за „стабилизирање на ситуацијата“, вети таа во вторникот.