Американската економија забави на крајот на 2024-та

Американската економија благо забавила во четвртиот квартал, покажаа прелиминарните проценки на Министерството за труд објавени во четвртокот, со стагнација на корпоративните инвестиции во нови погони и продолжување на силните лични и државни трошоци.

Во периодот октомври-декември, американскиот бруто домашен производ (БДП) пораснал за 2,5 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, пресметал ресорот. Во летниот квартал активноста била зголемена за 2,7 отсто.

Податоците покажуваат забавување на растот во втората половина од минатата година, по пикот во периодот април-јуни кога активноста се зголеми за 3,0 отсто.

На квартално ниво, БДП е зголемен за 0,6 отсто во последните три месеца од минатата година. Пораснал за 0,8 отсто во претходните три месеца.

Годишната стапка, која покажува колку БДП би пораснал доколку растел со стабилно квартално темпо пред една година, во четвртиот квартал изнесува 2,3 отсто, пресметало Министерството. Во трите летни месеци изнесува 3,1 отсто.

Во цела минатата година, БДП-то на САД пораснало за 2,8 отсто, речиси со исто темпо како и во 2023 година.

Личната потрошувачка пораснала за 3,2 отсто во четвртиот квартал во однос на истиот период лани, нешто посилно отколку во периодот од јули до септември.

Се зголемиле и трошоците на федералната влада, со стапка на раст од 4,0 проценти. Зголемени за 3,1 отсто во претходните три месеца. Трошоците за одбрана се зголемиле за 5,1 отсто, по растот од 3,9 отсто во периодот јули-септември.

Бруто приватните домашни инвестиции се зголемени за 1,7 отсто, што е речиси половина повеќе од претходните три месеца. Инвестициите на компаните во нови капацитети се задржало на нивото од крајот на 2023 година, по растот од 2,9 отсто во претходниот квартал.

Забележително забавил и извозот, со стапка на раст од 2,9 отсто. Во третиот квартал тој скокна за 4,6 отсто.

Според Министерството, растот на БДП првенствено се одразува на посилните лични и државни трошоци, компензирани со намалените инвестиции.

Ураганот Милтон го наруши бизнисот, нагласија тие, но „одговорот на таа катастрофа не беше издвоен“ во извештајот и не е можно да се процени неговото влијание врз БДП во четвртиот квартал.

Прелиминарните проценки на ресорот покажуваат дека уаганот Милтон предизвикал штета од 27 милијарди долари на приватен имот и 3 милијарди долари штета на федералниот и државниот имот, се додава во извештајот.