
Вечерва повторно силен земјотрес од 4,9 степени според Рихтер ја потресе Грција.
Епицентарот е кај Додеканските острови, на 20 километри североисточно од Оја.
Длабочината е 10 км.
Училиштата на грчките острови Санторини, Иос, Аморгос и Анафи ќе останат затворени до петок, поради продолжената сеизмичка активност помеѓу Санторини и Аморгос.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопшти дека од 1 февруари се регистрирани 200 земјотреси со интензитет над три степени, а најсилниот имал магнитуда од 4,9 степени. Препораките за граѓаните остануваат на сила.