
На социјалните мрежи се огласи и момчето на Фросина Кулакова која трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во која беше удрена на пешачки премин на „Партизанска“.
Петар Ристов упати порака дека ќе се бори до последен здив правдата да биде задоволена.
– Ангелче мое, заедно растевме и му се радувавме на животот, но не ни дозволија заедно и да остариме. Нашите планови ги срушија за миг. Ти беше личност полна со љубов и разбирање за секој еден и секогаш борбена до крај се додека не си ја постигнеше зацртаната цел. Биди ми спокојна горе помеѓу ангелите а ние овде ќе се бориме до последен здив ПРАВДАТА за тебе да биде задоволена и монструмот кој те покоси и не зацрни да си ја добие заслужената казна. Знам дека баш ти ни ја даваш оваа сила од горе за да станеме и да се бориме против сите кои придонесоа тебе да те снема на ваков суров начин. Знај дека беше и вечно ќе останеш најсакана АНГЕЛУ мој, напиша тој во објава на својот Инстаграм профил.
Фросина Кулакова беше удрена на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје на 29 јануари од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и поминал на црвено светло. Настанот предизвика револт во јавноста, особено по сознанијата дека сторителот и претходно бил во судир со законот.
View this post on Instagram