
Шведската полиција во вторникот соопшти дека пет лица биле застрелани во напад на училиште во градот Оребро, 200 километри западно од Стокхолм, а на местото на настанот пристигнале бројни припадници на службите за итни интервенции, пренесоа агенциите.
„Потврдено е дека се погодени пет лица“, се вели во соопштението на полицијата, пренесе Reuters. Во првичните извештаи на агенцијата France presse се наведува и дека пет лица биле застрелани, но не се даваат повеќе детали за нивната состојба.
„Ова во моментов се третира како обид за убиство, подметнување пожар и кривично дело со оружје“, соопшти полицијата.
Екипи на брзата помош, спасувачките служби и полицајци се на местото на настанот, изјави портпаролот на локалните спасувачки служби. Портпаролот на полицијата одби дополнително да коментира за Reuters за инцидентот, кој сѐ уште се истражува.
Засега нема информации за степенот на повредите на настраданите, како ниту за идентитетот на напаѓачот кој сѐ уште не е неутрализиран.
Пукањата се случила во областа на кампусот каде што се наоѓаат неколку училишта за деца и возрасни, јавува Reuters. Полицијата објави дека учениците биле затворени во погоденото училиште, како и во околните училишта.
„Веста за нападот во Оребро е многу сериозна“, изјави министерот за правда Гунар Стромер за јавната телевизија SVТ, додавајќи дека владата е во близок контакт со полицијата.
Tiroteo en una escuela de #Örebro; al menos 5 heridos.#Suecia #Sweden pic.twitter.com/INjnzColKU
— eSPAINews (@eSPAINews_) February 4, 2025