Австралиски пратеник го смени името во „австралиски Трамп“

Пратеник во австралиска сојузна држава го промени своето име во Ози Трамп (Aussie Trump), како што рече, во знак на протест против австралиската владејачка централно-левичарска Лабуристичка партија.

Ози Трамп, порано познат како Бен Докинс, е независен пратеник во горниот дом на парламентот на Западна Австралија, каде што лабуристите исто така имаат мнозинство.

„Покренав политички протест против тиранијата и системската корупција на лабуристичката влада во Западна Австралија“, напиша тој во објавата на X во средата вечерта по локално време, потпишувајќи се себеси со „Ози“.

„Гласајте против лабуристите! & Drill Baby Drill!“, напиша пратенико во друга објава, поторувајќи го изразот на американскиот претседател Доналд Трамп со кој го најави зголемувањето на вадењето нафта и гас во САД.

Името на пратеникот на веб-страницата на парламентот е ажурирано во Austin (Aussie) Letts Trump.

Тој објави и фотографија на Х на која се гледа правната потврда за промената на неговото име од државниот регистар на родени, умрени и венчани.

Австралиецот Трамп бил исклучен од Лабуристичката партија во 2023 година поради повеќекратни наводни за прекршувања на наредбата за ограничување на пристапот поради семејното насилство.

„Ова е само нешто што привлекува внимание. Не сум сигурен колку пониско може да оди“, рече премиерот на Западна Австралија, Роџер Кук, кој ги предводи лабуристите во државата, за промената на името на прес-конференција во четвртокот.

Лабуристите следниот месец се соочуваат со локално гласање во Западна Австралија богата со ресурси, пред целата земја да гласа на изборите што мора да се одржат до мај.