Вработувањата во САД oстро забавиле на почетокот од 2025-та

Вработувањата во Соединетите држави остро забавиле во јануари, со отворање на нови работни места во приватниот сектор за половина помалку, објави Министерството за труд во петокот.

Работодавците отвориле нето 143.000 нови работни места во јануари, за половина отколку во декември, покажуваат ревидираните податоци на министерството, кои покажуваат дека во последниот месец од минатата година нето биле отворени 307.000.

Вкупно, во декември и ноември биле отворени 100.000 работни места повеќе отколку што беше наведено во прелиминарните проценки.

Темпото на вработување во јануари е нешто послабо од месечниот просек лани, кој според ревидираните податоци изнесува 166.000 нови вработувања, за 20.000 помалку од проценките на министерството пред еден месец.

Најмногу и во јануари звработувале работодавците во здравствената нега, со нето отворени 44.000 работни места, приближно исто како и во декември.

Потоа следи малопродажниот сектор кој вработил нето 34.000 работници, значително помалку на крајот од минатата година.

Државниот сектор нето отворил 32.000 работни места, исто како и во декември, а приватниот сектор отворил 111.000, за половина помалку.

Стапката на невработеност во јануари изнесувала 4,0 отсто, со приближно 6,8 милиони невработени. Во декември таа изнесуваше 4,1 отсто, со приближно 6,9 милиони невработени.

Просечната саатница е зголемена за 0,5 отсто во јануари во однос на претходниот месец, нешто посилно од декември и изнесува 35,87 долари.

Годишната споредба покажува и малку посилен раст на платите, за 4,1 отсто во однос на јануари минатата година, по растот од 3,9 отсто во цела 2024 година.