Сончево со мала облачност

По студеното утро со услови за појава на магла по одделни котлини, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Највисоките дневни температури ќе бидат во опсего меѓу 4 и  13 Целзиусови степени.

Во Скопје по утринската  магла, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Температура ќе достигне до 13 степени.