Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Пожар изби денеска во напуштена барака на улица „Коста Новаковиќ“ наспроти „Американ колеџ“ во Општина Аеродром.

Пожарот е ставен под контрола, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.

Во гаснењето на пожарот учестуваат три противпожарни возила со десет пожарникари.