ВИДЕО| Илон Маск најави уништување на американски државни агенции

Американскиот милијардер Илон Маск, кој е на чело на државната комисија за ефикасност на владата на Вашингтон (DOGE), денес јавно повика на „уништување на цели агенции“, кои се во состав на федералната влада на САД.

Мислам дека мораме да уништиме цели агенции, наместо да оставиме голем број од нив. Ако не го тргнеме коренот на коровот, коровот повторно ќе израсне, изјавил Маск.

Тој ова го рекол на Самитот на светските влади, кој се одржува во Дубаи, пренесува новинаската агенција „Асошиејтед Прес“.

Илон Маск е најбогатиот човек во светот, а на своето појавување на Самитот во Дубаи носел црна маица со натпис „Tech Support“ (Технолошка поддршка). Шегувајќи се, за себе рекол дека е „технолошка поддршка на Белата куќа, пишува во својата вест АП.