
На маргините на Минхенската безбедносна конференција, договорено е да се одржи првата средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Георг Георгиев.
Оваа средба би требало да биде прв контакт “тет а тет’ на претставници на претставници на македонската и на бугарската политичка влада, која го презема мандатот пред еден месец, дознава МКД.Мк.
Македонскиот министер Муцунски, уште истиот ден, телефонски му го честиташе преземањето на функцијата на неговиот бугарски колега Георгиев.
Примарна тема на разговор на средбата меѓу Муцунски и Георгиев се очекува да биде одблокирањето на почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, односно предлогот на македонската влада за одложено дејство на уставните измени, кои ги бара Бугарија за внесување на бугарското малцинство во македонскиот устав.
Според предложената преговарачка рамка, т.н. француски предлог, внесувањето на Бугарите како малцинство во македонскиот устав е услов за отворање на поглавјата за Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ. Предлогот на актуелната македонска влада е уставните измени да бидат изгласани во Собранието за да се отворат поглавјата за преговарање, но ефективно да стапат во правна сила со влезот на Македонија во ЕУ.