
Извештајот на Транспаренси е доказ за тоа дека е потребна итна смена на ЈО Љупчо Коцевски, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа што имаме пад во листата на Транспаренси за борба против корупција е чист доказ дека Коцевски воопшто не се занимавал со воведување правда во Македонија, туку работел за лични и партиски интереси.
Иако Владата му остави време на Коцевски, да си ја врши работата без притисок, тој одлучи да продолжи да молчи и да ги забошотува предметите кои голем број на институции му ги беа дале на обвинителството.
Наместо да се бори против корупцијата и да постапува по пријави за корупција, Коцевски молчи по наредба на СДС.
ЈО Љупчо Коцевски, мора да сноси одговорност за неговите потези и веднаш да си поднесе оставка од својата позиција, која ја користи само да излезе во пресрет на барањата на СДС“, потенцираат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Време е во Македонија да има правда и реформа во судството, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.