
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху повтори: „Kако што ветив, ден по војната во Газа, ниту Хамас, ниту палестинската самоуправа нема да бидат таму“, објавија израелските медиуми.
Нетанјаху е „посветен на планот на американскиот претседател Доналд Трамп да создаде поинаква Газа“ – мислејќи на планот за преселување на жителите на Појасот додека САД ја преземат сопственоста на територијата и ја обновуваат во „Ривиера на Блискиот Исток“.
Ова е втор денешен демант на непотврдените извештаи во арапските медиуми дека Хамас се согласил да ја отстапи контролата врз Газа на палестинските власти како дел од разговорите за траен крај на војната.