
Домородниот американски активист Леонард Пелтиер, кој помина речиси пет децении во затвор за убиства на двајца агенти на Федералното биро за истаги (FBИ) и покрај тврдењето дека не е виновен, беше ослободен од затвор во Флорида во вторникот, откако поранешниот претседател Џо Бајден му ја ублажи казната.
Неговите поддржувачи, од племенските водачи до Далај Лама и актерот и режисер Роберт Редфорд, долго време бараа негово ослободување, тврдејќи дека судењето е нефер.
Тој по излегувањето од затвор не даде изјава за медиумите.
„Денес конечно сум слободен! Можеби ме затворија, но никогаш не ми го зедоа духот“, рече тој во изјавата објавена од активистичката група NDN Collective.
Пелтиер, член на племето на Turtle Mountain Chippewa, е делумно слеп и со лоша здравствена состојба. Има дијабетес и проблеми со срцето. Тој има 80 години и ќе живее во домашен притвор.
Во среда ќе му биде приреден свечен пречек на резервацијата во Белкур, во сојузната држава Северна Дакота.
FBI се спротивстави на негово ублажување на казната. Поранешниот директор на FBI од мандатот на Бајден, Кристофер Вреј, го сметаше за „безмилосен убиец“.
Неговите приврзаници тврдеа дека обвинителите ги задржале клучните докази што можеле да бидат во негова полза и дека биле фалсификувани изјавите под заклетва што го прикажувале како виновен.
Пелтиер беше меѓу групата домородни Американци кои се судрија со агентите на FBI, Џек Колер и Роналд Вилијамс во резерватот Пајн Риџ во Јужна Дакота во јуни 1975 година.
Агентите, кои во резерватот трагале за по бегалец, биле убиени во престрелката, како и индијански активист. Пелтиер тврдеше дека тој не ги убил агентите. Тој побегна во Канада пред неговото судење во 1977 година, но на крајот беше екстрадиран во САД, прогласен за виновен и осуден на две доживотни затворски казни.