Изгоре куќа во центарот на Куманово

Три противпожарни возила и деветмина пожарникари ноќеска се бореа да го изгасат пожарот кој избил во подрумски простории на семејна куќа во центарот на Куманово.

Пожарот бил пријавен околу 23 часот, аборбата со пламените јазици траела до рано утрово.

Според првичните информации предизвикана е материјална штета, а причините допрва треба да се утврдуваат.

На терен останато е една противпожарна екипа за да интервенира во исцрпување на водата од објектот.