
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
На средбата беше потврдено силното и стратешко партнерство меѓу двете земји, со фокус на зајакнување на демократските вредности, економскиот раст и регионалната безбедност. Партнерство за кое сведочат и билатералните посети на високо ниво реализирани во изминатиот период.
Истовремено, беше истакната важноста од поттикнување на економската соработка, привлекување инвестиции и поддршка на иницијативи за унапредување на трговијата и претприемништвото.
Во фокусот на разговорите беа и безбедносните предизвици, а беше потврдена и посветеноста на заедничките демократски вредности и стабилноста на Западен Балкан. Двете страни изразија посветеност за продолжување на соработката во унапредување на заедничките цели и продлабочување на односите меѓу двете земји.