
Денвер Нагетс на домашен терен ги совладаа Феникс Санс со 149:141 по продолжение, а Никола Јокиќ одигра неверојатен натпревар и стана првиот кошаркар во историјата на НБА со учинок 30-20-20.
Јокиќ натпреварот го заврши со 31 поен, 22 асистенции и 21 скок. Тоа беше негов 29-ти „трипл-дабл“ сезонава и 159-ти во кариерата. Арон Гордон постигна 27 поени, од кои седум „тројки“, Кристијан Браун додаде 25 поени, а Џамал Мареј постигна 19 поени и осум асистенции. Нагетс, кои победија втор меч по ред, успеаја да се вратат во натпреварот откако испуштија предност од 21 поен. Девин Букер постигна 34 поени и седум асистенции за Феникс, додека Кевин Дурент, кој го одведе натпреварот во продолжение со „тројка“ на крајот од регуларниот тек на натпреварот, постигна 29 поени и забележа девет скока.
Мемфис Гризлис ги победија Далас Маверикс со 122:111 на гости, а Џа Морант постигна седум од неговите 31 поен во натпреварот во последната минута и половина. Гризлис го затворија натпреварот со серија од 14:3 и ја прекинаа серијата од четири порази. Дезмонд Бејн додаде 27 поени и рекордни во кариерата 16 скока за Мемфис, кој доби 17 поени и осум скока од Брендон Кларк и 12 скока од Зак Еди. Маверикс, кои загубија четврти пат во низа, беа предводени од Брендон Вилијамс, кој постигна рекордни во кариерата 31 поен од клупата и Наџи Маршал, кој заврши со 29 поени и рекордни во кариерата 17 скока.
Гостинската Минесота Тимбервулвс ја забележа четвртата победа во низа совладувајќи ги Мајами Хит со 106:104. Џулиус Рендл имаше речиси „трипл-дабл“ учинок со 13 поени, 10 скока и девет асистенции. Мајами имаше шанса за победа откако „тројката“ на Данкан Робинсон на 3,2 секунди до крајот донесе преност од два поена (104:106), но потоа Бам Адебајо се обиде да погоди „тројка“, но веќе беше доцна. Адебајо го предводеше Мајами со рекордни 29 поени и 13 скока. Тајлер Херо, кој го пропушти претходниот натпревар на Мајами поради болест, постигна 22 поени со седум асистенции. Дејвион Мичел додаде рекордни 10 асистенции.
Оклахома Сити Тандер ја забележаа шестата последователна победа, совладувајќи ги Портланд Трејл Блејзерс на домашен терен со 107:89 и покрај тоа што играше без својот стартен состав. Шаи Гилџеус-Александер беше поштеден од напорите, а Џејлен Вилијамс (истегнување на десниот зглоб), Чет Холмгрен (контузија на десната потколеница), Лугенц Дорт (воспаление на десното колено) и Исаја Хартенштајн (повторна повреда на скршен нос) не играа поради повреди. Но, Арон Вигинс ги предводеше до победата со 30 поени, а Џејлин Вилијамс го оствари својот прв „трипл-дабл“ во кариерата со 10 поени, 11 скока и 11 асистенции. Алекс Карузо додаде 17 поени од клупата. Скут Хендерсон го предводеше Портланд со 22 поени, Шедон Шарп додаде 19, а Анферни Симонс заврши со 14 поени.
Најдобриот тим во Источната конференција и целата НБА, Кливленд Кавалирс, синоќа на гости се мачеа да ги совладаат Шарлот Хорнетс со 118:117. Донован Мичел постигна 24 поени, а Дариус Гарланд 20 за Кливленд, додека Мајлс Бриџис постигна рекордни во кариерата 46 поени за Хорнетс, кои го претрпеа својот деветти последователен пораз. Еван Мобли имаше 19 поени и 10 скока, Де’Андре Хантер впиша 15 поени од клупата, а Џерет Ален 14 поени и 11 скока за Кавалирс, кои имаат 13 победи во низа.
Сакраменто Кингс ги совлада Сан Антонио Спарс со 127:109, што е нивен втор пораз во последните три натпревара. Зак ЛаВин постигна 36 поени, а Демар Дерозан 22 за кралевите, кои го расипаа враќањето на Де’Арон Фокс во Сакраменто. Најдобар играч за Спарс беше Стефон Касл со 25 поени, а Фокс постигна 16.
Торонто Репторс победија со 118:109 на домашен терен против Јута Џез, а Имануел Квикли постигна рекордни за сезоната 34 поени во победата на неговиот тим. Скоти Барнс додаде 22 поени, 12 скока, шест асистенции и три блокади за Репторс, кои освоија три по ред. Вокер Кеслер постигна 18 поени и зеде неверојатни 25 скока за Џезерите, кои го претрпеа четвртиот последователен пораз во целина и 11-ти последователен пораз на гостински терен.
Лос Анџелес Клиперс остварија победа на домашен терен над Њујорк Никс со 105:95. Најдобар стрелец кај Клиперси беше Џејмс Харден со 27 поени, Кави Ленард додаде 20, Николас Батум постигна 17 поени, од кои пет „тројки“, а Ивица Зубац постигна 16 поени со 14 скока, три асистенции и една блокада. Најдобар играч на Никс беше Карл-Ентони Таунс, кој постигна 23 поени и 10 скока, а Џош Харт имаше 20 скока и 14 поени. Микал Бриџис постигна 22 поени за Њујорк, кој има три порази во низа.
Никс беа на 79:78 на почетокот на последната четвртина, а потоа Клиперс ги постигнаа првите шест поени за да поведат со 94:85 по слободното фрлање на Ленард на нешто помалку од шест минути до крајот. Уште две слободни фрлања на Ленард доведоа до водство на Клиперс од 100:89 на две минути и 44 секунди до крајот.
РЕЗУЛАТИ
Шарлот Хорнетс – Кливленд Кавалирс 117:118
Далас Маверикс – Мемфис Гризлис 111:122
Торонто Репторс – Јута Џез 118:109
Мајами Хит – Минесота Тимбервулвс 104:106
Оклахома Сити Тандер – Портланд Трејл Блејзерс 107:89
Денвер Нагетс – Феникс Санс 149:141 (продолжение)
Сакраменто Кингс – Сан Антонио Спарс 127:109
ЛА Клиперс – Њујорк Никс 105:95
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 45 18 .714 —
2. Њујорк Никс 40 23 .635 5
3. Бруклин Нетс 21 41 .339 23 1/2
3. Филаделфија 76ерс 21 41 .339 23 1/2
5. Торонто Репторс 21 42 .333 24
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Кливленд Кавалирс 53 10 ,841 —
2. Милвоки Бакс 36 25 .590 16
3. Индијана Пејсерс 35 26 .574 17
4. Детроит Пистонс 35 28 .556 18
5. Чикаго Булс 25 38 .397 28
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами Хит 29 33 ,468 —
2. Атланта Хокс 29 34 .460 0 1/2
3. Орландо Меџик 29 35 .453 1
4. Шарлот Хорнетс 14 48 .226 15
5. Вашингтон Визардс 12 49 .197 16 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Лос Анџелес Лејкерс 40 21 .656 —
2. Голден Стејт Вориорс 35 28 .556 6
3. Лос Анџелес Клиперс 34 29 .540 7
4. Сакраменто Кингс 33 29 .532 7 1/2
5. Феникс Санс 29 34 .460 12
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 39 24 .619 —
2. Хјустон Рокетс 38 25 .603 1
3. Далас Маверикс 32 32 .500 7 1/2
4. Сан Антонио Спарс 26 35 .426 12
5. Њу Орлеанс Пеликанс 17 46 .270 22
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Оклахома Сити Тандер 52 11 ,825 —
2. Денвер Нагетс 41 22 .651 11
3. Минесота Тимбервулфс 36 29 .554 17
4. Портланд Трејл Блејзерс 28 36 .438 24 1/2
5. Јута Џез 15 48 .238 37