
Фудбалерите на Реал Мадрид го совладаа Рајо Ваљекано со 2:1 на домашен терен во неделата во рамките на 27-то коло од шпанското првенство и се искачија на второто место на табелата
Реал поведе во 30. минута со голот на Килијан Мбапе, а четири минути подоцна Винисиус Жуниор го удвои водството на додавање на Модриќ. Конечниот резултат го постави Педро Диас во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме.
Реал сега има 17 победи и се искачи на второто место на табелата со 57 бодови, исто колку и првопласираната Барселона, која има подобра гол-разлика и натпревар помалку. Третопласираниот Атлетико Мадрид, кој со пресверт во самата завршница беше поразен на гостувањето кај Хетафе и остана на 56 бодови.
Рајо Ваљекано на последните четири натпревари освои само бод, а по деветиот пораз се наоѓа на седмото место 36 бодови.
Атлетик Билбао и Мајорка ремизираа 1:1 подоцна вечерва. Мајорка поведе преку голот на Антонио Реил во 56. минута, додека домашните се изборија за бод со голот на Нико Вилијамс две минути подоцна.
Атлетик Билбао е на четвртото место на табелата во Примера со 49 бодови, а Мајорка е седма со 37 бодови по третото последователно реми.
Бетис во Севиља го совлада Лас Палмас со 1:0. Гостите од Канарските острови играа со играч помалку од 61. минута, откако Дарио Есуго доби втор жолт картон. Четири минути подоцна Диего Љоренте го постигна победничкиот гол за Бетис. Домашниот тим можеше да постигне втор гол во четвртата минута од судиското надополнување, но Иско беше непрецизен од белата точка.
По четвртата последователна победа во Ла Лига, Бетис е на шестото место со 41 бод, додека Лас Палмас е претпоследен, 19. место со 24 бодови.