
Сирискиот исламистички лидер Ахмед Шара повика на смиреност во неделата, откако повеќе од 1.000 луѓе, главно цивили, беа убиени во крајбрежните области во најголемото насилство по соборувањето на претедателот на Башар ал-Асад последните денови, според Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR), со седиште во Лондон.
„Мораме да го зачуваме националното единство и мирот, можеме да живееме заедно“, рече Шара, привремениот претседател, во видеото што го пренесоа арапските медиуми, вклучително и телевизијата Al Arabiya управувана од сунитската морнархиа Саудиска Арабија, на која се гледа како тој зборува во џамија додека продолжуваат судирите меѓу силите поврзани со новите исламистички сунитски власти и борците од алавитската заедница (правец во шиитскиот ислам), на која ѝ припаѓаше по раѓање социјалитичиот претсеател Башар ал-Асад.
Судирите продолжија и ноќта кон неделата во неколку градови каде вооружените групи пукаа врз безбедносните сили и поставија автомобили од заседа на патиштата што водат до поголемите градови во крајбрежната област, изјави сириски безбедносен извор за Reuters.
Сириски безбедносни извори соопштија дека најмалку двесте нивни членови биле убиени во овие судири по координирани напади и заседи врз нивните сили.
Нападите на владините сили ескалираа во убиства од одмазда додека илјадници вооружени поддржувачи на новите исламистички сунитски власти во Сирија од целата земја се спуштија на крајбрежните области за да ги поддржат опколените сили на новата државна власт.
Властите ги обвинија за егзекуциите на десетици млади луѓе и смртоносните напади врз жителите на селата и градовите, дом на поранешното владејачко малцинство во Сирија, неконтролираните вооружени групи кои им помогнаа на безбедносните сили и долго време ги обвинуваат поддржувачите на Асад за злосторства во минатото.
Меѓу жртвите има 745 цивили, 125 членови на сириските безбедносни сили и 148 борци лојални на Асад, според Сириската опсерваторија за човекови права.
Рами Абдулрахман, до бунтот во 2011 година сопственик на сириски ресторан во Лондон без никакво образование а веднаш потоа прогласен образование на шеф на опозициската Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) која ги подржуваш е сунитските бунтовници, сега вели дека масовните убиства во Џабла, Банијас и околните области во срцето на сирискиот регион во кој доминираат алавитите претставуваат најголемо насилство во последните години.
„Меѓу жртвите има жени и деца од алавитското малцинство“, додаде Анбдуларахман.
Новата сириска влада во четвртокот соопшти дека започнала задушување на бунтот што започна по смртоносните заседи на вооружените групи поврзани со владата на поранешниот претседател Асад.
Асад беше соборен минатиот декември по децении владеење на социјалистичката партија БААТ предводена од неговото семејство обвинувана дека е обележано со тешка репресија и разорна граѓанска војна. Абдулрахман со години е критичар на Асад, а сега истакнува дека во моментов се случуваат „секташки масакри кои имаат за цел да го протераат алавитското население од нивните домови“.
Алавитските активисти за Reuters рекоа дека нивната заедница била подложена на насилство и напади по падот на Асад, особено во провинциите Хомс и Латакија.
Иако Шара вети дека ќе управува со Сирија на инклузивен начин, тој не се сретна со високи алавитски лидери, за разлика од припадниците на другите малцинства како Курдите, христијаните и Друзите.
Владата на Асад од избувнувањето на граѓанската војна во 2011 година се потпираше на лојалноста главно на припадниците на алавитите во безбедносниот апарат и државната администрација, кои новите исламистички власти се обидуваат да ги реформираат, вклучително и преку масовни отпуштања.
Алавитскиот исламски совет ја обвини владата на Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) за насилството, објавувајќи дека „воените конвои биле испратени на брегот под изговор за „остатоци од режимот“ за тероризирање и убивање Сиријци. Советот побара крајбрежниот регион да биде ставен под заштита на ОН.
Саудиска Арабија, која учествуваше заедно со другите регионални сунитски монархии и западните земји во покренувањето на бунтот против владата на Асад, ја поддржа шеријатската администрација, осудувајќи ги „злосторствата на непријателските групи“ во Сирија и нивните напади врз безбедносните сили. Ријад „стои на страна“ на сириската влада во нејзините напори да ја зачува безбедноста и мирот, се вели во соопштението.