Велосипедист повреден откако бил удрен од електричен тротинет

Во неделата (16.03.2025) во 16:30 часот во СВР Скопје 34-годишниот скопјанец Т.Кпријавил дека на булеварот  „Јане Сандански“ во Скопје, додека управувал велосипед, бил удрен од електричен тротинет, по што лицето кое го управувало тротинетот го напуштило местото на настанот.

Т.К. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.