
„Не се ни погребани децата, а веќе структури на ,,дубаи кланот” фрлаат кеш на сите страни за ,,палење огнови” низ цела држава за ескалација со насилни демонстрации и дестабилизација.
И прелевање на ,,српското сценарио” и кај нас““, пишува новинарката Јорданка-Јоци Ивановска на својот Фејсбук профил.
Таа истакнува дека врие во Република Српска, врие во Србија и прашува „дали ќе дозволиме таа злокобна агенда да и се случи и на Македонија“, а дека сето тоа зависи од нас.
Веќе еднаш се случи, констатира таа, со ,,студентските протести” во 2015 и „шарената“ во 2016 година.
„Потоа знаеме кој дојде на власт и каква правда донесе – почна со Пајакот, продолжи со Беса, Ласкарци. Дурмо и Модуларна.
Лекцијата дали ја научивме?
Јас, да.
Веќе се обидоа истите овие да ,,распламтат безредие” со протестите за Фросина.
Прашајте ги родителите зошто се откажаа од протести кога сфатија дека некој ги искористува, злоупотребува и манипулира“?
А, ЗОШТО ТОКМУ СЕГА?
„Се апсат функционери на ДУИ и СДС и веднаш структури се мобилизираат за протести. Затоа што само хаос им е излезот на лоповите и криминалците кои треба да лежат по затвори за милион злодела“, наведува Ивановска и продолжува:
„Промптно се организирале за протести кои би ескалирале до таа мера да земјава би се нашла во таков безизлез и анархија, се со цел да се вратат на власт во некоја ,,широка влада” – без избори.
А, тоа не е добро, октроирани лица од сите партии во власта – без народна поддршка“.
Јоци нагласува дека не ги поддржува протестите, затоа што ги организираат истите ,,учкури” на ,,дубаи кланот” кои ја организираа ,,шарената”, а потоа делеа функции и тендери.
„Која е целта имено на протест, кога трагедијата е последица од осумгодишниот СДС/ДУИ хорор, фалц лиценца истечена 2 дена пред пожарот?
Како може Христијан и Панче, кои расчистуваат 8 месеци криминал, нарко кланови како никој досега, да се виновни што СДС и ДУИ ровареле, пљачкале и фалсификувале лиценци плус две-три локални бараби кои примале мито и замижувале за шупата?
Никој од овие што бараат ,,правда” не бараа/т одговорност од Венко Филипче и Али Ахмети? За ништо.
Никаде ги немаше со години.
Чудно, нели?
Немам никаква намера овојпат да учествувам во разнебитување на Македонија, како што тоа се случи во пред 8 години, а дури години подоцна дознав дека голем дел од тие ,,учесници.. говорници” биле платени – со дебели дневници.
А, потоа со тендери“, констатира Ивановска.
„Ви кажувам на време какво е сценариото. Јас сум политиколог по звање и сум стручно поткована за протести, социјална психологија, за однесување на толпа….и вакви собирања на јавни места, веднаш по трагедија, во овие мачни моменти не може ништо да сменат – само ќе ја отежнат работата на МВР.
Предвреме ви кажувам, поточно кажано.
Како што знаев и кој ќе победува на избори.
А, немам намера ниту да се селам оттука, ниту да ги поддржувам пак во животов СДС/ДУИ“, заклучува Ивановска.
А ова е пораката што вчера ја упати отец Димитар: