Панче Тошковски удри метла во МВР по несреќата во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по несреќата во Кочани со одлуки за неколку разрешувања во полицијата.

Според првичните информации, разрешени се:

1. Началникот на Сектор за внатрешни работи – Штип
2. Помошникот на началникот на СВР Штип
3. Началникот на Одделение за полиција – Штип
4. Началникот на Одделение за криминалистичка полиција – Штип
5. Началникот на Одделение за внатрешни работи – Кочани
6. Командир на Полициска станица од општа надлежност – Кочани
7. Началникот на Надворешна канцеларија за криминалистички работи – Кочани

Од министерството за внатрешни работи најавуваат дека во текот на денот же соопштат повеќе детали на прес конференција.