Почина бразилската кошаркарска легенда

Еден од најдобрите бразилски кошаркари на сите времиња, Вламир Маркес, почина на 87-годишна возраст, објави во вторникот неговиот поранешен клуб Коринтијанс.

Маркес беше еден од најдобрите кошаркари во светот во 1960-те.

Познат како „Синиот ѓавол“, тој го предводеше бразилскиот тим до две светски титули (1959, 1963) и два олимписки бронзени медала во 1960 година во Рим и 1964 година во Токио.

„Коринтијанс им се придружува на семејството, пријателите и навивачите во ова време на жалост“, објави клубот на X.

По завршувањето на играчката кариера, Маркес работеше како тренер. Потоа работеше како спортски коментатор за ESPN Brasil, и неколку други телевизиски и онлајн канали.