
Луј Тома Буфон, 17-годишниот син на прославениот италијански голман Џанлуиџи Буфон, е повикан во репрезентацијата на Чешка до 18 години.
Буфон помладиот игра како крилен напаѓач и моментално е член на Пиза, италијански второлигаш кој се наоѓа на второто место на табелата во Серија Б. Буфон Јуниор дебитираше за Пиза на почетокот на март, а сега го доби својот прв повик во младинската репрезентација на Чешка.
„Разговарав со моето семејство и сите се согласивме дека играњето за Чешка ќе биде најдобро за мојата кариера“, изјави Луј Буфон, кој правото го доби преку својата мајка, чешката манекенка Алена Середова.
Луј е роден во Торино, градот во кој неговиот татко Џанлуиџи, еден од најдобрите светски голмани на сите времиња и воедно херој на Италија која го освои светскиот шампионат во 2006 година, помина голем дел од својата кариера.
„Без разлика што ќе играм за Чешка а не за Италија, татко ми беше многу возбуден затоа што го добив првиот повик во репрезентација. На крајот на краиштата, и неговиот совет беше да се избере Чешка“, изјави Луј, кој во дресот на чешката репрезентација ќе игра против своите врсници од Англија, Франција и Португалија.
Луј Буфон уште во февруари беше поканет од Фудбалскиот сојуз на Чешка, но тогаш дури да биде дел од репрезентацијата до 18 години на тренинзите.