
Гостин во „Здраво Македонијо“ денеска беше универзитетскиот професор д-р Марина Малиш Саздовска.
Таа во емисијата ја објасни комплексноста на ваков тип на истрага , особено кога имаме опожарување и изјави дека институциите имаат сериозен пристап кон водењето на истрагата, напоменувајќи дека е формирана е голема екипа на јавни обвинители и дека постои одлична соработка со МВР.