
Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кои завршија на петтото и шестото место на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај, беа дисквалификувани откако стјуардите откриле неправилности во нивните болиди.
Тежината на ферарито управувано од Леклер било под пропишаната вредност на мерењето по трката, што резултираше со дисквалификација.
Возилото на Хамилтон, пак, било во рамките на дозволената тежина, но судиите забележаа знаци на прекумерно абење на шасијата, што повторно доведе до дисквалификација на 40-годишниот Британец, кој во саботата славеше во спринт трката и со тоа ја постигна првата победа зад воланот на Ферари.
Французинот Пјер Гасли од Алпен, исто така, беше дисквалификуван, откако ја мина целта на 11-то место.
По овие дисквалификации има промени во конечните резултати, како и во пласманот на Светското првенство, како во конкуренција на возачи, така и во конкуренција на конструктори.
Хамилтон падна на деветтото место во поредокот кај возачите со девет бодови, додека Леклер е десетти со осум бодови. Ферари падна на петтото место со 17 бодови, а Вилијамс е на четвртото место со исто толку бодови.
ГН на Кина, резултати (305.066 км – 56 круга)
1. Оскар Пјастри (Австралија/ Мекларен) 1:30:55,026 часа
2. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) +9,748
3. Џорџ Расел (Велија Британија/ Мерцедес) +11.097
4. Макс Верстапен (Холанија/ Ред Бул) +16,656
5. Естебан Окон (Франција/ Хаас) +49,969
6. Андреа Кими Антонели (Италија/ Мерцедес) +53.748
7. Александар Албон (Тајланд/ Вилијамс) +56.321
8. Оливер Бирман (Велика Британија/ Хаас) +1:01.303
9. Ленс Строл (Канада/ Астон Мартин) +1:10.204
10. Карлос Саинц јуниор (Шпанија/ Вилијамс) +1:16.387
Светско првенство, возачи (2/24)
1. Ландо Норис (Велика Британија/ Мекларен) 44 поени
2. Макс Верстапен (Холандија/ Ред Бул) 36
3. Џорџ Расел (Велика Британија/ Мерцедес) 35
4. Оскар Пјастри (Австралија/ Мекларен) 34
5. Андреа Кими Антонели (Италија/ Мерцедес) 22
6. Александар Албон (Тајланд/ Вилијамс) 12
7. Естебан Окон (Франција/ Хаас) 10
8. Ленс Строл (Канада/ Астон Мартин) 10
9. Луис Хамилтон (Велика Британија/ Ферари) 9
10. Шарл Леклер (Монако/ Ферари) 8
…
Светско првенство, конструктори
1. Мекларен 78 поени
2. Мерцедес 57
3. Ред Бул 36
4. Вилијамс 17
5. Ферари 17
6. Хас 14
7. Астон Мартин 10
…