
На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути во петокот во претпладневното тргување падна на најниско ниво во последните шест месеци.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,70 поени, додека вчера во истиот временски пресек од тргувањето изнесуваше 103,13 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута потона од вчерашните 147,25 на 145,90 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1060 долари, додека вчера во истиот момент чинеше 1,0915 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа втор ден по ред, бидејќи трговците стравуваат од забавување на економскиот раст, а со тоа и на побарувачката на „црното злато“.
Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,84 отсто, на 69,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,91 отсто, на 66,35 долари.